Достапни линкови

ММФ воодушевени од плановите на Украина за економски реформи


Висок претставник на Меѓународниот монетарен фонд изјави дека е воодушевен од плановите на Украина за економски промени и мерки за да се избегне банкрот.

Дејвид Липтон, првиот заменик управен директор на ММФ, вчера во Киев имаше средба со украинскиот претседател Петро Порошенко, со премиерот Арсениј Јетсењук и со финансиски службеници. Липтотн по средбата изјави дека е воодушевен од нивната визија за економска трансформација на Украина. Во соопштение објавено на веб-сајтот на Порошенко се наведува дека тој го убедил Липтон во посветеност на Украина на мерките за штедење.

XS
SM
MD
LG