Достапни линкови

logo-print

МВР демантира дека имало напади врз полициските станици во Тетово и Куманово


Министерството за внатрешни работи, како што пренесуваат неколку домашни медиуми, потврдило дека добило пријава оти синоќа во близина на полициските станици во Тетово и Куманово се слушнале експлозии. Според министерството, било утврдено дека не биле нападнати полициските станици и оти немало никаква штета ниту на полициската станица во Тетово, ниту на станицата во Куманово. Медиумите го цитираат и портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски кој изјавил дека не станувало збор за бомба и оти експлозијата не била во полициската станица, туку надвор од неа. Претходно некои медиуми објавија дека биле нападнати полициските станици и оти немало повредени.

XS
SM
MD
LG