Достапни линкови

Косовскиот парламент ќе гласа за новата влада


Парламентот на Косово се очекува денеска да ја одобри новата влада предводена од Иса Мустафа, поранешен градоначалник на Приштина. Демократската партија на премиерот во заминување Хашим Тачи и опозициската Демократска лига на Иса Мустафа потпишаа договор за коалиција, чекор за кој се смета дека му става крај на ќорсокакот во кој западна Косово по изборите во јуни годинава. Според договорот, Мустафа ќе биде премиер, а Тачи министер за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG