Достапни линкови

Нигерија задржа руски авион со воена опрема


Нигерија задржала руски карго авион и членовите на посадата кои зборувале на француски откако без дозвола слетале во северниот град Кано, а во леталото имале и непријавена воена опрема. Нигерските власти го потврдија случајот вчера, но не дадоа дополнителни детали. Авионот летал од Бангуи, главниот град на Централно африканската република до Нџамена, главниот град на Чад, но бил принуден да слета во Кано бидејќи аеродромот во Нџамена бил затворен. Петмината членови на посадата се задржени поради истрага, а се уште не се знае чија била опремата.

XS
SM
MD
LG