Достапни линкови

logo-print

Предложено одземање на мандатите на опозициските пратеници во оставка


Собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања на денешната седница реши да му достави на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски Предлог-одлука за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Врз основа на Извештајот доставен до оваа Комисија е утврдено дека во периодот од 10 мај до 10 ноември 31 пратеници од опозициската СДСМ не присуствувале, не учествувале, ниту, пак, го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници. Претседателот на Комисијата Александар Николоски рече дека овие 31 пратеници од СДСМ и коалицијата неоправдано отсуствувале повеќе од шест месеци.

По добивањето, собранискиот претседател Трајко Вељаноски предлог-одлуката за одземање на мандатите треба да ја стави на дневен ред на првата наредна седница. Засега нема информација кога тој би ја закажал седницата.

Опозициските пратеници поднесоа оставки на пратеничките функции поради обвинувања дека изборите не биле регуларни, но Собранието и по шест месеци не ги верификуваше нивните оставки.

XS
SM
MD
LG