Достапни линкови

logo-print

ЕП изгласа резолуција за Шешељ


Во Европскиот парламент во Стразбур денеска по едночасовна расправа е усвоена необврзувачка резолуција за лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, во која Хашкиот трибунал се повикува да ги преиспита условите за неговото пуштање на слобода, а од српските власти се бара да се оградат од неговите изјави. ЕП бара од српските власти да утврдат дали Шешељ ги прекршил законите на Србија, како и за зајакнување и целосно спроведување на законската регулатива, која забранува поттикнување омраза, дискриминација и поттикнување насилство, јави дописникот на МИА од Стразбур.

XS
SM
MD
LG