Достапни линкови

logo-print

Хрватска со обвинение против Хрват за злосторство во „Бура“


Илустрација.

Илустрација.

Жупаниското јавно обвинителство во Риека денеска покрена обвинение против некогашниот припадник на хрватските вооружени сили Рајко Кричковиќ поради убиство на тројца членови од српското семејство Совиљ во селото Кијане во 1995 година, за време на акцијата „Бура“. Ова е прво обвинение на хрватското Обвинителство против припадник на вооружените сили на Хрватска за извршени злосторства за време на „Бура“, а до него дошло во соработка со Обвинителството за воени злосторства на Србија, врз основа на договорот за размена на податоци и докази. Кричковиќ е обвинет за кривично дело воено злосторство против цивилно население.

XS
SM
MD
LG