Достапни линкови

logo-print

Киев - кон Украина се пука од руска територија


Воените власти во Украина велат дека на нивна територија паднале гранати истрелани од Русија, што е првпат откако е потпишан мировниот договор на 5 септември. Украинскиот воен портпарол Андриј Лушенко денеска изјави дека артилериски гранати биле испукани на граничниот премин во источниот дел на Украина во регионот Луганск од рускиот регион Ростов. Тој вели дека руските воени единици кои се на украинска територија и формациите на сепаратистичките борци ги зајакнуваат своите позиции. Москва негира дека се вклучени во борбите.

XS
SM
MD
LG