Достапни линкови

Приведен поранешниот градоначалник на Охрид


Поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески.

Поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески.

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески и 15 негови соработници добија кривични пријави поради сомнение дека во континуитет во периодот од 2007 до 2013 година биле инволвирани во криминални активности поврзани со злоупотреби при спроведување постапки за јавни набавки спротивно за законските прописи, информира портпаролот на МВР Иво Котевски. Тие добиле кривични пријави за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, перење пари, примање поткуп, фалсификување и уништување деловни книги, помагање. Криминалната група, во период од 2007 до 2013 година со незаконитото постапување, го оштетиле Буџетот на Општина Охрид во износ од вкупно 47.869.817,00 денари, а се стекнале со противправна имотна корист од 148.684.616,00 денари од спорните јавни набавки. Покрај ова, првоосомничениот во случајот, Петрески, се товари и дека побарал и примил поткуп во вкупен износ од од 734.641,00 денари исплатен од две лица.

XS
SM
MD
LG