Достапни линкови

Груевски - Студентите ќе полагаат, се додека не положат


Ќе се слушнат сите мислења за оценувањето на студентите. Целта е да имаме нови генерации со посилно знаење и креативност, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Тој смета дека намерите за надворешно оценување се добри, но секако, тие нема да се спроведат се додека не се направи една широка дебата во која ќе бидат вклучени студентите. Тој посочи дека студентите имаат право на различно мислење и право на протест и дека тоа го почитува. Не е точно, како што се појавија некои шпекулации, дека нема да се предвиди можност за повеќекратно полагање на државниот испит во втора година, рече Груевски, појаснувајќи дека ќе има можност секој да полага онолку пати се додека не положи.

„Нам целта ни е, ако некој дошол до преодна оценка без знаење да биде натеран да научи. Тоа е единствената цел“, нагласи премиерот Груевски.

XS
SM
MD
LG