Достапни линкови

Студентски пленум до Адеми - не побаравме оставка од вас


Од Студентскиот пленум денеска реагираат на изјавата на министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми во однос на нивното писмо до него доставено на 17 овој месец. Тие му забележуваат на министерот дека има недоследности во неговата изјава. Тие велат дека во писмото не побарале оставка од министерот и бараат министерот јавно да го објави својот одговор. Му замеруваат и на делот дека е достапен за студентите „Ако е така, ќе не повикавте во министерството на разговор по маршот“, велат во писмото. Тие бараат во рамки на универзитетите да се дебатира за проблемите во високото образование во кои ќе се слушне и вистинскиот глас на студентите. Понатаму го доставуват и својот контакт, ако министерот реши да им се обрати. Министерот вчера изјави дека зад студентскиот протест стои некој, дека не го организирале студенти. Дека во писмото до него, тие бараат оставка и дека тој сакал да им одговори, но во писмото не биле неведени адреса и нема на кого да го прати.

XS
SM
MD
LG