Достапни линкови

Компаниите тврдат дека се почитуваат руските прописи


Македонските компании ги почитуваат руските увозни прописи, смета бизнис заедницата. Агро бизнис комората при Сојузот на стопанските комори вели дека се почитуваат сите прописи и не прифаќаат шепкулации кои можат да влијаат врз нивната работа. Нивниот коментар е во врска со сомнежите од руска страна за наводен реекспрот на европски овошје и зеленчук од Македонија во Русија.

„Доколку нашите институции ги потврдат информациите од руска страна, тогаш ќе го осудиме секој што работел спротивно на прописите“, изјави претседателот на Агро бизнис комората и член на Управниот одбор на Македонско-руската стопанска комора Огнен Оровчанец.

Во првите девет месеци од Македонија во Русија се извезени околу 10.000 тони овошје и зеленчук наспроти 8.700 тони во 2013-та. Незначително зголемување има само кај компирот и зелката додека кај останатите производи извозот е на ланското ниво.

XS
SM
MD
LG