Достапни линкови

logo-print

Лавров - Русија не врши притисок врз сојузниците


Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, вели дека Москва нема да врши притисок врз своите „сојузници“ да го признаат Крим како дел од Русија или да се приклучат во признавањето на отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија како независни држави. Лавров во обраќањето пред долниот дом на Парламентот, рече дека не ги принудуваат партнерите 100 проценти да го делат рускиот став за овие прашања, затоа што не сакаат да ги ставаат во непријатна позиција, ако тоа поради некоја причина е непријатно за нив.

XS
SM
MD
LG