Достапни линкови

Романскиот премиер Понта го призна изборниот пораз


Романскиот премиер Виктор Понта го призна поразот во вториот круг од претседателските избори. Тој изјави дека му честитал на неговиот ривал Клаус Јоханис. Понта во првиот круг го победи Јоханис и водеше на анкетите за вториот круг. Јоханис кој е етнички германец е професор по физика и градоначалник на градот Сибиу. Тој вети незвисност на судството, кое во моментов е под супревизија на Европската унија. Тој на функцијата претседател ќе го замени сегашниот Трајан Басеску.

XS
SM
MD
LG