Достапни линкови

Воздушни напади врз екстремистите од Хорасан во Сирија


Американската војска соопшти дека спроведува воздушни напади врз пет цели на екстремистичката група Хорасан во Сирија. Во соопштението се наведува дека се уште се оценува исходот од нападите, но дека првичните индикации укажуваат оти нападите резултирале со уништување или сериозно оштетување на неколку возила и објекти на групата.
Пентагон ја опиша групата како партнер на Ал Каеда, која планира напади во Европа и САД.

XS
SM
MD
LG