Достапни линкови

Независно тело за обвиненијата против Еулекс


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини ја разгледува можноста европската Канцеларија за сузбивање на корупцијата ОЛАФ да ги истражи обвинувањата на сметка на Еулекс, соопшти денеска нејзиниот портпарол Маја Коцијанчич. Група пратеници на ЕП вчера побараа оваа истрага да се провери од независно тело.

Ричард Ховит, главниот претставник на социјалдемократите во Комитетот, го изнесе ставот ОЛАФ да ги истражи не само наводите за корупција во врвот на Еулекс, туку и случајот на суспензија на британската обвинителка Мари Бамие, која за тоа јавно проговори, како и заканите на новинарот на приштинскиот весник „Коха диторе“, кој за тоа пишуваше.

Суспендираната обвинителка на Еулекс, Марија Бемие, денеска изјави дека е тажна што таа се наоѓа под истрага, а не Еулекс, тврдејќи дека раководители на оваа мисија соработуваат со мафијата и политичарите на Косово.

Таа за весникот „Дневни аваз“ изјави дека се обидувала да ги коригира внатрешните грешки на мисијата и дека јавно проговорила дури кога веќе не и останала ниту една друга можност, пренесуваат медиумите во Приштина.

XS
SM
MD
LG