Достапни линкови

Индија и Пакистан на воена церемонија во Вагах


Индија и Пакистан денеска одржаа воена церемонија на главниот граничен премин, еден ден откако во самоубиствен напад таму загинаа 55 луѓе, а десетици беа повредени. Делегации и на двете земји присуствуваа на настанот во Вагах и покрај претходните планови за негов бојкот. Вчера во Вагах бомбаш самоубиец активирал бомба во моментот кога стотици луѓе се враќале од воена парада. Неколку милитантни групи ја презедоа одговорноста за нападот. Властите на двете земји го осудија иницидентот.

XS
SM
MD
LG