Достапни линкови

ЕУ поднесе жалба пред СТО против Русија


ЕУ поднесе жалба пред Светската трговска организација поради руските увозни давачки за некои европски земјоделски и индустриски производи. СТО денеска соопшти дека ЕУ ја обвинува Русија за наметнување давачки за неколку видови стоки кои се повисоки од легално договорените во рамките на организацијата. Меѓу стоките за кои има наметната повисоки давачки се хартијата, картонот, палминото масло и фрижидерите. Според правилата на СТО, двете страни имаат рок од 60 дена да најдат заедничко прифатливо решение. По истекот на тој рок, ЕУ може да побара Светската трговска организација да пресуди. Ова е петти спор меѓу Русија и ЕУ пред СТО. Портпаролот на Европската комисија за трговски прашања, Војтек Тајко, изјави дека жалбата не се однесува на последната забрана за увоз на храна од ЕУ во Русија.

XS
SM
MD
LG