Достапни линкови

НАТО: невообичаена активност на руски воени авиони


НАТО алијансата соопшти дека во изминативе два дена следела и пресретнала четири групи руски воени авиони кои извршувале воени вежби во меѓународниот воздушен простор во близина на границите на Европската унија. „Станува збор за невообичаено ниво на активност околу европскиот воздушен простор“, се наведува во соопштението на штабот на Алијансата во Монс, Белгија во кое се прецизира дека групите биле составени од стартегиски бомбардери, ловци и авиони за снабдување со гориво. Тие биле детектирани над Балтичко море, Северно море, Атланстикот и Црно море. Руските бомбардери, според соопштението, летале до Португалија и Шпанија. Во пресретнувањето на руските авиони биле вклучени авиони од Норвешка, Британија, Германија, Португалија, Данска и Турција, како и од нечленките на НАТО, Финска и Данска.

XS
SM
MD
LG