Достапни линкови

МВР: Два проектила забиени во зградата на владата


Вчера околу 22 часот во близина на владата се слушнале две детонации, информираат од Министерството за внатрешни работи, од каде што објаснуваат дека подоцна биле пронајдени два проектила.
„По неколку часа на фасадата на зградата во која е сместена владата на Република Македонија пронајдени се два забиени проектила. Извршен е увид, проектилите се подигнати и предадени на вештачење“, кратко информираат од МВР. Засега полицијата не дава повеќе информации.

Инаку ова не е првпат да биде пукано во близина на зградата на македонската влада. Во 2007 година полицијата соопшти дека блиску зградата на владата биле испукани две гранати од противпешадиско оружје. Тогашниот владин портпарол Ивица Боцевски рече дека владата го сметала нападот за терористички чин.

XS
SM
MD
LG