Достапни линкови

Осуди за нападот врз ЛГБТИ заедницатa


Опозицијата и активистите за човекови права најостро го осудуваат вчерашниот инцидент во Старата скопска чаршија, кога беше демолирано кафулето „Дамар“ за време на одбележување на двегодишнината од ЛГБТ центарот. Опозицискиот СДСМ побара од МВР исто да го расчисти случајот и да ги пронајде сторителите. Директорката на Хелсиншкиот комитет на Македонија, Уранија Пировска, потсети дека ЛГБТИ заедницата била нападната 6 пати и досега не е разрешен ниту еден случај и побара премиерот Никола Груевски јавно да го осуди нападот и полицијата да ги пронајде сторителите.

XS
SM
MD
LG