Достапни линкови

Запрено освојувањето на милитантите на ИД во Кобани


Американската војска соопшти дека курдските бранители ја имаат контролата врз поголемиот дел на сирискиот град Кобани и оти милитантите на Исламската држава биле запрени во нивното напредување. Портпаролот на Пентагон адмирал Џон Кирби оцени дека ситуацијата во овој град на границата со Турција и натаму е тензична, но оти курдските сили потпомогнати со американски воздушни напади ја забавиле офанзивата на милитантите. Во текот на изминатата ноќ имало нови воздушни напади, откако од американски авиони биле фрлени контејнери со оружје, муниција и медицинска опрема за курдските сили. Според Кирби, можно било еден од контејнерите да паднал во рацете на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG