Достапни линкови

Во Берлин средба Кери, Меркел


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Берлин ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Кери синоќа се сретна со шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер. За денеска е планирано тие да положат венец по повод 25 годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид. Американско германските односи се заладени откако во минатата година беше откриено дека американските разузнавачки служби шпионирале во Германија, вклучувајќи и прислушување на мобилниот телефон на канцеларката Меркел.

XS
SM
MD
LG