Достапни линкови

Русија:нема инволвираност на руски подморници во шведските води


Ниту една од руските подморници не е вмешана во "странските подводни активности" во водите во близина на Стокхолм,соопшти руското Министерството за одбрана.До ова доаѓа откако Шведската армија соопшти дека го истражува подморјето во близина на стокхолмскиот архипелаг по информациите за „странска подводна активност“.Пребарување почнало пред два дена и според шведските медиуми се однесува на неидентификувана подморница. Воените аналитичари за медиумите изјавиле дека пребарувањето асоцира на насукување на руска подморница во шведските води. Шведската армија одби да ги коментира информациите во весникот.

Операцијата доаѓа во време на зголемување на тензиите на Русија и скандинавските и балтичките држави поради кризата во Украина. Шведска минатиот месец објави дека два руски воени авиони влегле во нејзиниот воздушен простор.

XS
SM
MD
LG