Достапни линкови

САД ветија над 200 милиони долари за обнова на Појасот Газа


Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери вети 212 милиони долари помош за обнова на Појасот Газа, откако во 50-дневниот конфликт меѓу Израел и Хамас стотици илјади луѓе останаа без покрив на главата. Кери ја вети оваа помош на денешната донаторска конференција во Каиро. Палестинските власти побараа 4 милијарди долари за обнова на Газа, но донаторите изразија загриженост за реконструкцијата во областа во која имаше три конфликти во изминативе шест години. Кери рече дека хуманитарниот предизвик во Газа е „огромен“ и оти на луѓето таму очајно им е потребна помош.

„Не утре, не наредната недела. Ним им треба сега“, рече тој.

Тој рече дека луѓето во Газа ќе останат изложени на ризик од иден конфликт сè додека Хамас во кое било време може да испука ракети кон израелските цивили.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, предупреди дека „Појасот Газа останува буре барут“.

XS
SM
MD
LG