Достапни линкови

Еуропол - зад светскиот сајбер криминал стојат околу 100 главни луѓе


Шефот на Центарот за компјутерски криминал на Еуропол, Троелс Ортинг, изјави дека зад светскиот сајбер криминал стојат „околу 100“ главни луѓе, од кои мнозинството се сместени во подрачјата каде што се зборува на руски јазик. Тој денеска за Би-Би-Си изјави дека силите за спроведување на законот треба да се насочат кон „прилично ограничена група на добри програмери“. Ортинг наведе дека криминалците се водат од алчност и профит и „создаваат компјутерски вируси со брзина“ со која органите на редот имаат тешкотии да фатат чекор. Тој го опиша и начинот на кој криминалните банди што зборуваат на руски јазик создаваат и ги тестираат компјутерските вируси кои потоа ги продаваат на интернет форумите. Ортинг рече дека односите на Еуропол со руските безбедносни сили се подобруваат. Тој рече дека неодамна бил во посета на Русија каде што разговарал за случаи на компјутерски криминал и изразил надеж дека ќе следуваат апсења и затворски казни.

XS
SM
MD
LG