Достапни линкови

logo-print

Престрелка меѓу патролни бродови на Северна и Јужна Кореа


Министерството за одбрана на Јужна Кореа соопшти дека јужнокорејски и севернокорејски патролни бродови денеска размениле оган на границата меѓу двете земји. Според ова министерство, севернокорејскиот брод навлегол во водите на Јужна Кореа. До инцидентот доаѓа откако двете страни се согласија да ги продолжат официјалните разговори на високо ниво кои беа суспендирани пред седум месеци. Двете Кореи се уште немаат потпишано договор за мир по тригодишната војна во почетокот на пеесетите години од минатиот век.

XS
SM
MD
LG