Достапни линкови

Израел и Палестина со различни реакции по изјавите на шведскиот премиер


Шведскиот премиер Стефан Лофвен

Шведскиот премиер Стефан Лофвен

Израел го опиша како избрзан планот на новата влада на Шведска да ја признае Палестина како држава во отсуство на мировни преговори на Блискиот Исток. Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман изјави дека шведскиот премиер Стефан Лофвен побрзал да даде коментари пред да може подобро да го истражи прашањето и да разбере дека Палестинците се тие кои претставуваат пречка за напредок во постигнување на мир со Израел. Лофвен ја објави својата намера да ја признае Палестина како држава за време на неговото инаугуративно обраќање во парламентот во Стокхолм на 3 октомври. Во меѓувреме палестинскиот претседател Махмуд Абас ги коментираше најавите од Шведска како големи и чесни и изјави дека се надева оти другите земји ќе го следат примерот. Палестинците бараат државност во израелско-окупираниот Западен Брег, во непосредна близина на Источен Ерусалим и во Појасот Газа кој е под блокада.

XS
SM
MD
LG