Достапни линкови

logo-print

Британија стартуваше со воздушни напади врз ИД во Ирак


Британските борбени авиони денеска ги започнаа своите први воздушни напади врз милитантите на Исламската држава во Ирак, соопшти британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон. Тој изјави дека два британски воени авиони идентификувале и нападнале цели на милитаните преку кои се загрозувале курдските сили во северен Ирак, а потоа нападнале и вооружен камион на милитанти во истата област. Курдските борци велат дека воздушните напади им помогнале да го заземат стратешкиот граничниот премин кај Рабиа, околу 100 километри северозападно од Мосул и неколку околни села. Курдските борци исто така го нападнале градот Зумар и повратиле контрола на две села. Воздушни напади предводени од САД исто така биле насочени и кон милитантите на ИД на запад и на југ од Багдад, притоа биле убиени десетици борци.

XS
SM
MD
LG