Достапни линкови

Адеми - казните не се заплашување


Вчерашната изјава дека ќе има казни до 2000 евра за непосетување на наставата, според министерот Абдилаќим Адеми не е заплашување на родителите и наставниците, туку информирање дека основното и средното образование се задолжителни.

Министерот вели дека СОНК е партнер на МОН и само преку социјален дијалог со државните институции може да се разгледаат нивните барања.

На прашањето што ќе преземе МОН ако штрајкот на СОНК почне на 29 септември и дали има план за заменски наставници, Адеми одговори дека тоа е обврска на општините, како основачи на училиштата, а дека државните училишта се обврска на МОН.

„Кога ќе констатираме дека наставата не се одвива, тогаш ќе ги преземеме законските мерки“, рече министерот за образование и наука.

XS
SM
MD
LG