Достапни линкови

Г7 го поздрави договорот за прекин на огнот постигнат во Минск


Групата седум најразвиени индустриски земји го поздравија договорот постигнат во Минск за воспоставување прекин на огнот во Украина како „важна можност“ за наоѓање на политичко решение на конфликтот. Во вчерашното соопштение Британија, Канада, Франција, Италија, Германија, Јапонија и САД ги осудија насилствата и побараа од Русија да ги повлече своите сили, оружјето и опремата од источна Украина. Групата 7 исти така ја пофали Украина за усвојување на законот за амнестија и посебен статус во делови од истокот на земјата, а ја поздравија и ратификацијата на договорот за слободна трговија со Европската унија.
Државите соопштија и дека ќе ги укинат санкциите против Русија кога ќе ги исполни обврските од договорот за прекин на огнот постигнат во Минск.




XS
SM
MD
LG