Достапни линкови

Пронајдени исчезнатите авганистански војници во САД


Тројцата војници на авганистанската армија војници кои беа исчезнати во Соединетите Држави за време на вежба биле пронајдени во обид да ја преминат границата со Канада. Полицијата во државата Масачусетс, соопшти дека Авганистанците се најдени на граничниот премин во близина на Нијагарините водопади. Тројцата учествувале во вежбата во воената база во Кејп Код, во североисточниот дел на САД. Тие биле пријавени за исчезнати на 20 септември, откако за последен пат биле забележани во еден трговски центар во близина на воената база Кејп Код. Војниците биле дел од 15-члената авганистанска делегација што учествува во обуката за регионална соработка што се одржува секоја година од 2004 и која меѓу другите работи, го промовира унапредувањето на соработката.

XS
SM
MD
LG