Достапни линкови

Анкета: Македонците сакаат во ЕУ


Мнозинството граѓани го поддржуваат влезот на Македонија во ЕУ ако не постои услов за промена на името, а половина од нив сметаат дека државата е подготвена за членство во Унијата. Тоа го покажуваат резултатите од телефонската анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје спроведена од 10 до 15 овој месец. Запрашани доколку следната недела се одржи референдум за влез на Македонија во ЕУ, 80 проценти од испитаниците одговориле дека ќе гласаат „за“, а 14 проценти би гласале „против“. Според анкетата, речиси две третини од испитаниците поддржуваат влез на Македонија во ЕУ доколку не треба да се направат отстапки за името на државата. Една четвртина од испитаниците таквата поддршка би ја дале и покрај промена на името. Граѓаните, според анкетата, сметаат дека главна причина што Македонија не е дел од ЕУ е попречувањето на процесот на интеграција од страна на соседните држави.

XS
SM
MD
LG