Достапни линкови

Британија-Евакуирани патниците на аеродромот Лутон


Патниците на аеродромот Лутон во близина на Лондон биле евакуирани, а летовите биле одложени за неколку часа, откако бил пронајден сомнителен пакет. Поради евакуацијата стотици патници останале надвор од терминалот на аеродромот, додека била спроведена истрага на пакетот.

Дојдовните летови биле пренасочени кон други аеродроми во близина. Лутон е четвртиот по ред најголем аеродром во Британија, по Хитроу, Гетвик и Станстед. Во минатата година на аеродромот имало 9,7 милиони патници.

XS
SM
MD
LG