Достапни линкови

И двете страни извршиле воени злосторства во Украина


Организацијата за човекови права Амнести интернејшнал соопшти дека има „сè повеќе докази“ дека и владините сили и проруските сепаратисти извршиле воени злосторства во источна Украина. Документирајќи ги инцидентите со „неселективно борбардирање, киднапирања, мачење и убиства“, организацијата денеска соопшти дека сите страни во борбите покажале „непочитување на животите на цивилите“. Соопштението на Амнести интернејнал беше подготвено на 5 септември пред почетокот на прекинот на огнот во источна Украина. Русија постојано негира вмешаност во конфликтот. Сепак, истражувачот на Амнести интернјшнал за Украина, Хедер Макгил, за Радио Слободна Европа изјави дека Русија ги поттикнува конфликтот со тоа што обезбедува оружје и друга поддршка за проруските бунтовници. Организацијата објави сателитски снимки на кои се гледа зголемување на бројот на руски оклопни возила и артилерија во источна Украина и докажуваат дека конфликтот прераснува во „меѓународен вооружен конфликт“.

XS
SM
MD
LG