Достапни линкови

Ирачките сили со воздушни напади против милитантите


Ирачките воздушни сили ги нападнале милитантите на Исламската држава во северисточниот дел на земјата. Според нив, нападот се случил врз неколку села во околината на градот Амерли, а било нападнато и селото Џабал Харем. Ирачките копнени сили се борат во Џабал Харем со цел да ги истераат милитантите од градот Амерли кој е опколен од Исламската држава во последните два месеци.

XS
SM
MD
LG