Достапни линкови

Во Сирија убиен уште еден Косовец


Уште еден млад Косовец загинал на боиштата во Сирија,како припадник на џихадистите. Станува збор 25 годишно момче од Скендерај (поранешна Србица), со што бројот на загинатите Косовци, се искачи на 38, иако се верува дека бројката е поголема. Пред два дена косовската полиција на приштинскиот аеродром не му доволила да замине за Турција на Грамос Шабани од Милошево кај Обилиќ, поради основан сомнеж дека крајната дестинација на Косовецот со белгиско државјанство била Сирија за да се приклучи на терористичките групи на ИДИЛ. Тој со себе имал материјали во кои се искажува симпатија кон ИДИЛ. Веднаш му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

XS
SM
MD
LG