Достапни линкови

Затворени уште два ресторани на Мекдоналдс во Русија


Руските инспектори за безбедност на храна затвориле уште два ресторани на Мекдоналдс во земјата. Според нив, рестораните во Јекатеринбург и Казан се затворени поради технички причини. Досега се затворени шест ресторани на Мекдоналд во Русија во последните недели, откако САД воведоа санкции рпотив Русија поради улогата на земјата во кризата во Украина.

Претседателот на американската бизнис комора во Русија, Алексис Рожианко изјави дека затворањето на рестораните е потикнато од политичките прашања поврзани со Украина.

XS
SM
MD
LG