Достапни линкови

Украина ја обвини Русија за инвазија на земјата


Украинските власти ја обвинија Русија за инвазија откако хуманитарниот конвој влегол во земјата без придружба на Црвениот крст. Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко изјави дека 90 камиони влегле во земјата без договор или учество на Црвениот крс со што е прекршен договорот меѓу Украина и Русија.

Шефот за безбедност на Украина, Валентин Наливајченко изјави дека и покрај тоа што движењето на камионите претставува директна инвазија, Киев нема да употреби сила во обид да избегне провокација.

XS
SM
MD
LG