Достапни линкови

Критики за Советот за безбедност на ОН


Високиот комесар на Обединетите нации за човекови парава Нави Пилај

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови парава Нави Пилај

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови парава Нави Пилај која е во заминување остро го прекори Советот за безбедност на Светската организација. Според неа, Советот ги става краткорочните геополитички проблеми и тесните национални интереси пред човечкото страдање со што, како што оцени, сериозно се нарушуваат мирот и безбедноста во светот. Пилај зборуваше на нејзиното последно брифирање на ова тело на Обединетите нации како висок комесар за човекови права, функција што ја извршуваше во изминативе шест години. Таа рече дека кризите во голем број земји, вклучувајќи ги Авганистан, Ирак и Украина, го покажуваат неуспехот на меѓународната заедница да спречува конфликти.

XS
SM
MD
LG