Достапни линкови

Протести против владата во Пакистан


Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во главниот град на Пакистан, Исламабад,барајќи оставка на премиерот Наваз Шариф. Опозицискиот политичар Имран Кан рече дека демонстрациите ќе продолжат се додека Шариф не замине од функцијата. Кан, тврди дека изборите во мај 2013 година на кои победи Шариф биле лажирани. Во меѓувреме имаше уште еден митинг во Исалмабад предводен од свештеникот Тахир ул-Кадри кој бара приведување на Шариф поради сомневања дека тој стои зад убиствата на неговите подржувачи. Кадри и даде 48-часовен ултиматум на владата да го прифати неговото барање,и се закани дека нема да биде одговорен за било какви последици понатаму.

XS
SM
MD
LG