Достапни линкови

logo-print

Јахјага: Немаше меѓународен притисок за апсење на екстремисите


Косовската претседателка Атифете Јахјага оцени денеска дека неодамнешните апсења на 40 лица осомничени за радикализам и тероризам се извршени поради опасноста која му се заканувала на Косово.

Таа во интервју за приштинскиот весник „Зери“ ги отфрли тврдењата дека имало меѓународен притисок за иницирање на акцијата и ги повика косовските граѓани да ја осудат таа идеологија која е против темелите врз кои е градено Косово.

Јахјага смета дека сите се свесни на фактот дека уапсените биле закана не само за Косово, туку оти опасноста била и надвор од внатрешен контекст.

Косовската претседателка истакна дека со апсењето на осомничените е изолорана група, на радикални и изманипулирани поединци, за кои има основано сомнение дека стоеле во редот на теорористички групи со цел да преземат терористички криминални акции на Косово и пошироко.


XS
SM
MD
LG