Достапни линкови

Tрипартитна средба за Нагорно-Карабах


Претставници на владите на Ерменија и Азербејџан денеска потврдија дека претседателите на двете земји ќе одржат трипартитна средба со рускиот претседател Владимир Путин на која ќе разговараат за конфликтот во Нагорно-Карабах. Тројцата претседатели ќе се сретна утре во летната резиденција на Путин во близина на Сочи. Тензиите во регионот на Нагорно-Карабах неодамна се засилија. Избија престрелки меѓу азербејџанските војници и ерменските сили, како и меѓу азербејџанските сили и проерменските борци. Најмалку 20 луѓе загинаа во борбите. Најавата за трипартитна средба доаѓа откако азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се сретна со Путин. Рускиот претседател му рекол на неговиот азербејџански колега дека е време да се решат некои долгорочни проблеми, алудирајќи на Нагорно-Карабах.

XS
SM
MD
LG