Достапни линкови

Меркел и Порошенко бараат продолжување на истрагата за малезискиот авион


Германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Петро Порошенко телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и изразија потреба за продолжување на потрагата на експертите на аместото каде што падна малезискиот авион. Акцентот на разговорите бил на конкретните акции кои би можеле да им помогнат на напорите на контакт групата на ОБСЕ, Русија и Украина да го прекинат огнот, изјави портпаролката на германската влада, Кристина Вирц. Двајцата државници ја нагкласиле потребата од продолжување на истрагата на местото каде што се урна малезискиот авион. Киев вчера го прекина примирјето воспоставено во круг од 20 километри околу местото на несреќата, кое се наоѓа меѓу Доњецк и Луганск. Дури и додека примирјето беше во сила, во таа област секојденевно одекнуваа експлозии и пукања.

XS
SM
MD
LG