Достапни линкови

Расмусен во Украина


генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска ќе ја посети Украина по покана од претседателот Петро Порошенко. Посетата била во рамките на подготовките на претстојниот партнерски состанок меѓу НАТО и Украина. Вчера Алијансата соопшти дека Русија имала распоредено над 20 илјади војници во близина на границата со Украина. Според оценките на НАТО, Москва би можело да ги испрати во Украина како хуманитарна или мировна мисија во источна Украина. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека добил информација дека се зголемува заканата од директна руска воена интервенција во Украина.

XS
SM
MD
LG