Достапни линкови

logo-print

24 часовен штрајк на новинарите во Грција


Во Грција денеска не излегуваат весниците, бидејќи новинарите во земјата стапија во 24-часовен штрајк во знак на протест поради предлог законот кој ќе влијае врз медиумите.

Новинарските синдикати го осудуваат ваквиот потег на Владата која се обидува да им служи на интересите на медиумските магнати преку амандман, кој во петокот вечерта беше доставен до Парламентот. Тие тврдат дека законот ќе доведе до „спојување на медиуми и масовни отпуштања во овој сектор“.

Измените вчера беа прифатени од партиите во владината коалиција - Нова демократија и ПАСОК, а на гласањето не присуствуваа двете опозициски партии - СИРИЗА и Комунистичката партија, кои не се согласуваат со предложените измени во законот за медиуми и побараа негово повлекување.

XS
SM
MD
LG