Достапни линкови

Спејс Икс ќе гради приватен косомодром


Приватната компанија за вселенски истражувања Спејс Икс ќе гради лансирна рампа во јужен Тексас, во близина на границата со Мексико. Тоа ќе биде прв приватен космодром на светот и ќе се користи за комерцијални летови. Основачот на компанијата Илон Маск изјави дека лансираната рампа ќе донесе голем број вработувања во регионот, ќе претставува инспирација за студентите и ќе привлекува туристи. Државата Тексас ќе обезбеди над 2 милиона долари за изградба на лансирната рампа, како и 13 милиони за подобрување на инфраструктурата.

XS
SM
MD
LG