Достапни линкови

logo-print

Германија откажа воен договор со Русија?


Германија, наводно, го повлече договорот да обезбеди целосно опремен камп за обука на руски сили поради тековната криза во Украина.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ објави дека вице канцеларот и министер за економија Зигмар Габриел „ја повлекол својата дозвола“, за проектот вреден 140 милиони долари. Проектот бил запрен во март, по руската анексија на Крим.

Москва ја нарече одлуката „неконструктивна“ и го обвини Берлин дека работи под притисок од САД.

Германските медиуми јавија дека на воениот центар, кој требаше да биде изграден во регионот на Волга до крајот на оваа година, може да се обучуваат 30.000 војници годишно.

Европската унија усвои економски санкции против Русија, насочени кон банкарски, енергетскиот и секторот одбрана, како одговор на нејзините акции во Украина.

XS
SM
MD
LG