Достапни линкови

Борби во близина на Багдад и во северен Ирак


Бунтовниците и курдските сили во северен Ирак се судриле во текот на ноќта, а според советник од провинцијата Бабил во борбите кои се одвиваат 50 километри јужно од Багдад загинале девет војници и десетици милитанти. Бомбаш самоубиец пак удрил со возилото во група ирачки војници во градот Балад северно од Багдад при што загинале осум војници, а 23 се повредени. Во северен Ирак бунтовниците од Исламска држава се судрија со курдските сили, а според некои извештаи има стотици загинати. Бунтовниците се обидуваат да го заземат претежно курдскиот град Замар, северно од Мосул.

XS
SM
MD
LG