Достапни линкови

Русија треба да исплати отштета од 50 милијарди долари за случајот Јукос


Михаил Ходорковски

Михаил Ходорковски

Постојаниот суд за арбитража во Хаг и наложи на Русија да им исплати околу 50 милијарди долари на групата поранешни акционери во нафтената компанија Јукос. Судот денеска оцени дека претставници на државната компанија Роснефт, која ги превзеде поголемиот дел од акциите на Јукос, работеле за рускиот претседател Владимир Путин во уништувањето на Јукос. Јукос беше во сопственост на Михаил Ходорковски, кој беше осуден на 8 години затвор за даночно затајување, а тој во 2005-та и ги продаде акциите на компанијата Џи Ем Ел. Русија има рок од 10 дена за жалба на судската пресуда.

XS
SM
MD
LG